1.045 евра е просечната нето плата во Словенија во јуни

од Vladimir Zorba

 Бизнис  светoт денеска

 

Љубљана – Просечната нето плата во Словенија во јуни оваа година изнесувала 1.045 евра, што во однос на мај е реален пад за 0,5 отсто. Во однос на ланскиот јуни, пак, просечната нето плата била поголема за 2,6 отсто, објави словенечката статистичка канцеларија.

Франкфурт – Лидерите на Европската централна банка (ЕЦБ) и понатаму се загрижени поради ниската инфлација наспроти развојот на стопанството. Тоа го покажуваат објавените забелешки од последниот состанок во ЕЦБ. Извештајот од состанокот на 20 јули покажува дека шефовите надлежни за референтната камата забележале претерана активност на инвеститорите во размислувањето дека ЕЦБ наскоро ќе го намали својот програм за поттикнување.

Берлин – Ер Берлин преговара со три ривалски фирми кои се заинтересирани за купување на неговиот имот. Тоа го изјави шефот на банкротираната германска авио-комапнија, Томас Вилкелман, предупредувајќи дека нема да „бидат спасени сите работни места”.

Загреб – Инфраструктурата на Хрватска од малите места до тие најразвиените, тешко може да го следи големиот прилив на туристи. Примерите од праксата тоа најдобро го покажуваат. Има се повеќе туристи кои неуспешно бараат паркинг место, а потоа на сопствениците на приватните куќи нудат пари за да се паркираат во нивните дворови.

Њујорк – Цената на златото на терминскиот пазар го проби нивото од 1.300 долари за унца, што е највисоко ниво во оваа година. Акциите на глобалните пазари паѓаат поради вознемиреноста на инвеститорите дека превирањата во Белата куќа ќе го спречи претседателот Трамп да ги исполни своите ветувања за стопанскиот раст.

Њујорк – Волмарт САД, најголема единица во меѓународниот малопродажен ланец на овој американски бренд, во вториот квартал во 2017 година забележа раст на продажбата од 1,8 отсто. Тоа е 12 постојан квартал на раст на прометот. Приходите пораснаа за 2,1 отсто, на 123,4 милијарди долари.

Лондон – Продажбата на мало во Велика Британија порасна за неспектакуларни 0,3 отсто во јули во однос на претходниот месец, покажуваат објавените официјални податоци. Стапката на раст е иста како во јуни, која е ревидирана во минус од 0,6 отсто на 0,3 проценти, пренесе агенцијата AP. Сепак, растот на малопродажбата во Обединетото Кралство е благо над очекувањата на аналитичарите кои предвидуваат дека ќе изнесува 0,2 отсто.

Париз – Стапката на невработеност во Франција падна на најниско ниво во пет години во второто тромесечје во 2017 година. Тоа го покажуваат официјалните бројки, што како што оцени АФП, може да го охрабри новиот француски претседател Емануел Макрон кој се соочува со пад на рејтингот по само три месеци од неговиот мандат./MIA

Слични содржини