-10 Берово, -9 Тетово, -8 Кр. Паланка, Маврово, -7 Струмица, -6 Пожаране, Скопје, Куманово…

од Vladimir Zorba

 

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

3 Прилеп, 7 Штип, Дебар, 10 Кр. Паланка, Струмица, 13 Тополчани, 18 Скопје, Д. Капија, 20 Скопје Петровец, 25 Берово, 27 Битола, 30 Тетово, 33 Крушево, 44 Ѓуриште, 49 Пожаране, 51 Лазарополе, 71 Маврово.

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-10 Берово, -9 Тетово, -8 Кр. Паланка, Маврово, -7 Струмица, -6 Пожаране, Скопје, Куманово, Дебар, Штип, -5 Ѓуриште, Лазарополе, Скопје Петровец, -4 Виница, Крушево, Д. Капија, -3 Битола, Тополчани, -2 Прилеп, 0 Охрид, Претор, Гевгелија, 1 Дојран.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

Утринава има локални врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Облачно и студено, во југозападните делови со врнежи од снег со слаб а во Пелагонија со умерен интензитет. По котлините има ниска облачност и магла, во Полошката котлина има магла со намалена видливост до 500. Дува слаб ветер од североисточен и југоисточен правец, кој повеќе е изразен на повисоките места и планините.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Нашето подрачје е под периферно влијание на циклонска активност од Медитеранот и влажна воздушна маса која предизвика облачно време со повремени врнежи  од снег, а во југоисточните делови од дожд и снег. Во јужните делови врнежите на места ќе бидат со умерен интензитет.  Висината на снежната покривка нема значително да се зголеми, на планините за 5 до 10 cm.  Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец, кој попладне ќе го промени правецот во северен. Највисоката температура на воздухот че биде во интервал од -2 до 4 степени , а во Полошката котлина до околу -4 степени.

Скопје Облачно со повремен слаб снег и со слаб ветер од североисточен правец. Највисоката температура ќе достигне до околу 1 степен.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени  врнежи од снег со слаб интензитет,особено претпладне и на југоисток. Ќе дува и умерен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието. Од четврток облачноста постепено ќе се намалува , утрински температури ќе бидат во опаѓање и најниски се очекува да бидат во сабота од -16 до -6 степени, а дневните во благ пораст.

 

Слични содржини