Околу 10 часа јавен обвинител му презентирал доказите на Верушевски кои полицијата ги обезбеди во акцијата „Пуч“. Неофицијално, имало преку 200 страници писмени материјали, дел од нив пронајдени во семејните компјутери. Му биле презентирани и писмото кое лидерот на СДСМ, Заев го имал испратено до него, политичките анализи, материјлите за кои надлежните се сомневаат дека имал намера да ги испрати во странство-информира Фокус.

verusevski-infomaks

Верушевски ги разгледал доказите, а исказ ќе дава во текот на наредната седмица. Вчера само му биле покажувани сите докази врз кои ќе се темели обвинителниот акт. Сега тој има неколку денови да ја подготви одбраната. По презентирањето на доказите на Верушевски, сега се очекува истото да се направи и со Заев. Најверојатно и тој прво само ќе ги погледне, а дури потоа ќе подготви исказ.

Надлежните се во обид да докажат дека Верушевски заедно со неколкумина од УБК обезбедувале прислушувани материјали кои завршувале кај странски служби, но и кај Заев. Откако осомничените ќе дадат исказ највероајтно истрагата за досието „Пуч“ ќе заврши.

Повеќе ТУКА

Слични содржини