10-години подоцна и ја скинаа главата на калабриската мафија “Ндрангета”

од Vladimir Zorba

Уапсен е најопасниот бос Санто Вотари

Најопасниот бос на калабриската мафија “Ндрангета” Санто Вотари беше уапсен во Италија, пренесе агенцијата АНСА. 45-годишниот Вотари беше баран по меѓународна потерница и се криеше од 2007. Тој е откриен во бункер во зграда во реон на општина Реџо ди Калабрија и не пдавал никаков  отпор.

Вотари се смета за шеф на моќниот клан од гратчето Сан Лука, прочуен со мафијашки војни и жестоки одмазда меѓу семејствата Пеле-Вотари и нитро-Странџа, кои завршиле со крвопролевање во германскиот град Дуисбург во август 2007. Санто Вотари  во отсуство беше осуден на 10 години затвор.

Слични содржини