За законот за Специјално јавно обвинителство гласаа 111 пратеници и затоа сите политички субјекти треба да дадат поддршка за потврда на уставноста на СЈО, рече Горан Сугарески во емисијата „10 минути“ на ТВ21.

hqdefault-32

Штом се произнесе Уставниот суд, вели Сугарески,  веднаш ќе ги одмрзнеме активностите и ќе продолжиме со работа во Собранието.

„Функционирањето на СЈО виси и исто како во случајот ТНТ во летниот период , јули и август, да се повлече еден потег и целосно да се укине Законот за Специјално јавно обвинителство. Кога зборуваме за повици е најмалку што очекуваме од ВМРО-ДПМНЕ е да го повика Уставниот суд, бидејќи има сериозна контрола таму.“, изјави Горан Сугарески, пратеник на СДСМ.

Сугарески додаде дека опозициската СДСМ и понатаму е на ставот дека изборите треба да се одржат што поскоро. Доколку има политичка волја рече тој, може да се исполнат сите услови за да изборите се одржат во ноември, како што најави и лидерот на СДСМ Зоран Заев./Извор ТВ21

Слични содржини