Вчера, 10 јануари, светот изгуби уште еден голем музичар. Откако на крајот на 2015 година овој свет го напушти легендарниот Леми Килмистер, во почетокот на 2016 година почина друг голем – Дејвид Боуви. Причината иста – рак. Боуви замина на 69 години, но тоа што го остави зад себе, ќе биде запаметено години напред.

download

Ви нудиме 10 од најсилните цитати на уникатниот изведувач:

1. “Направив над 25 студиски албуми и мислам дека меѓу нив има два навистина ужасни, неколку не толку лоши и неколку навистина добри. Горд сум со она што сум го направил. Всушност, беше добро патување”

2. “Она што ми се допаѓа во мојата музика, е што успева да ги разбуди духовите кај мене. Не демоните, туку духовите”

3. “Пред многу години мораше да си признаам дека не сум многу разбирлив, кога треба да објаснувам како се чувствувам. Музиката го прави тоа наместо мене, навистина”

4. “Секогаш сум се вчудоневидуваат како луѓето ги прифаќаат сериозно работите кои велам. Дури јас сам не се прифаќам сериозно”

5. “Секогаш сум имал избезумена потреба да бидам нешто друго, различно од човекот”

6. “Верувам дека можам да поминам најдобро од туѓиот талент”

7. “Сакав да ја докажам моќната сила на музиката”

8. “Чудно е што има песни кои воопшто не сакаш да ги напишеш”

9. “Славата може да донесе многу интересни луѓе и да ги бомбардиран со просечност”

10. “Кога ќе размислам Адолф Хитлер бил првата поп ѕвезда”

Слични содржини