Повеќе од 1.000 истакнати правници од Обединетото Кралство велат во писмо до премиерот Дејвид Камерон дека гласањето на референдумот за Брекзит е само советодавно и затоа треба парламентот да одлучи дали Велика Британија ќе ја напушти Европската унија или не, соопшти Ројтерс во понеделникот.

download (3)

Во писмото се наведува дека законодавците би требало да гласаат слободно пред кој и да било британски лидер да донесе одлука за активирање на постапката наведена во член 50 од Лисабонскиот договор.

Ова е уште еден обид на противниците на Брекзит да го забават процесот на “развод” меѓу Британија и ЕУ. Некои приврзаници на заминувањето на Унијата, пак, велат дека постои договорен обид за негово спречување преку ооспорување на секој чекор во оваа насока во политички и правни предизвици.

Профилот на џихадистите и нивниот следен напад

Одзивот на референдумот одржан на 23 јуни, беше 72.2%. 17.41 милиони лица или 51.9% го поддржаа излегувањето. Други 16.14 милиони, или 48.1% избраа да гласаат за останување во Заедницата. Англија и Велс гласаа за напуштање, додека Шкотска, Северна Ирска и Гибралтар побараа да останат.

download (4)

Во понеделникот Тереза ​​Меј, која остана единствениот кандидат за местото на Дејвид Камерон, изјави дека спротивно на нечии очекувања нема да се прават обиди да ја остават земјата во ЕУ, откако Британците гласале за излез од неа. “Ќе бидам јасна – нема да останеме во ЕУ”, рече Меј. “Нема да има обид да се вратиме во ЕУ на задната врата”, додаде таа. “Брекзит значи Брекзит и ние ќе го претвориме во нешто успешно”, истакна Меј.

Слични содржини