11 работи кои му се случуваат на твоето тело ако редовно јадеш јајца

од Vladimir Zorba

 

Дали знаете дека јајцата се многу здрави и треба да бидат на вашето секојдневно мени? Всушност, тие се лесен, разновиден и евтин извор на протеини. Исто така, тие се богати со амино киселини, антиоксиданти, и железо. Тие се многу корисна храна за целокупното здравје на човекот, што значи, 85 калории јајце содржи 7 грама мускулна маса која сакате да ја добиете. Благодарение на тоа што содржат хранливи материи, јајцата се големи сојузници во процесот на губење на тежината. Сепак, кога купувате јајца, треба да бидете сигурни за нивното потекло. Јајцата треба да бидат органски. Не-органските јајца, пак, се полни со антибиотици, и хормони.

Погледнете ги 12те корисни причини поради кои мора почесто да почнете со конзумирање на јајца:

  • Намален ризик од срцеви заболувања

Лошото ниво на холестерол наречен ЛДП – штетен холестерол, може да ги оштети артериите кои пренесуваат крв од срцето на остатокот од телото. Откако ќе се појави штетниот холестерол, се таложи на ѕидовите на крвните садови, ја стеснува нивната проодност и предизвикува астериосклероза. Бројни студии покажуваат дека луѓето со мали, густи LDL честички се изложени на поголем ризик од срцеви заболувања отколку луѓето со големи честички. Според тоа, иако јајцата може да предизвикаат пораст на нивото на холестерол кај некои луѓе, истражувањата покажуваат дека конзумацијата на јајца помага честичките, всушност, да се менуваат од мали во големи, и на тој начин, доаѓа до намалување на ризикот од кардиоваскуларни проблеми.

  • Подобрен имунитет

Ако сакате да бидете безбедни и да избегнете инфекции, болести и вируси, јадете јајце или две дневно. Всушност, 1 големо јајце содржи 22% од препорачаната дневна доза на селен – состојка која го поддржува имунолошкиот систем и ги регулира хормоните на тироидната жлезда. Важно е да се спомене дека децата треба да јадат јајца редовно затоа што кога нивното ниво на селен е ниско, постои потенцијален ризик за развој на Кешанова болест (облик на кардиомиопатија која се јавува кај млади жени и деца) – услови кои негативно влијаат на срцето, зглобовите и коските.

  • Подобро ниво на холестерол

Прво, важно е да се споменат овие три факти: висок холестерол не е добра работа, има добар и лош холестерол, и јајцата се богати со холестерол. Што повеќе, едно големо јајце има 212 мг холестерол, но тоа не мора да значи дека јајцата ќе го подигне лошото ниво на холестерол во крвта. Напротив, јајцата придонесуваат да се подигне добриот холестерол, и за зголемување на големината на LDL честичките при што повторно се навраќаме на горенаведеното намалување на нивото на срцево заболување.

  • Повеќе енергија

Едно јајце содржи 15% од препорачаната дневна доза на витамин Б2, исто така познат како рибофлавин. Овој витамин е еден од осумте Б витамини кои му помагаат на вашето тело храната да ја претвори во гориво, што пак се користи за производство на енергија.

  • Здрава коса и кожа

Б комплекс витамините се од суштинско значење за здравјето на косата, кожата и црниот дроб. Тие се одговорни за правилно функционирање на нервниот систем.

  • Чувство на заситеност и помалку јадење нездрава храна

По конзумирање на јајца, ќе чувствувате помала потреба од закуска или да јадете повеќе. Тоа е затоа што јајцата го зголемуваат чувството на ситост.

  • Помалку масти

Според една студија која траела 8 недели, група на луѓе биле поделени во две подгрупи: една подгрупа јаделе јајца за појадок, а другата јаделе ѓевречиња. И двата вида од оваа храна содржат иста количина на калории. Сепак, оние кои јаделе јајца успеале да загубат 65% повеќе телесна тежина, 16% повеќе масти во телото, и искусни 61% намалување на BMI (Body Mass Index) и 34% намалување на обемот на половината. Неверојатно, нели?

  • Здрав мозок

Јајцата се навистина “храна за мозокот”. Тоа е затоа што тие се богати со клучна хранлива состојка, холин – витамин Б4. Недостатокот на холин е поврзан со невролошки нарушувања и оштетена когнитивна функција. Повеќе од 90% од Американците трошат помалку од препорачаната дневна количина на холин, според истражувањето.

  • Состојка за спас на човечкото тело

Човечкото тело е чудесно – самото по себе може да создаде 11 есенцијални амино киселини. Сепак, на телото му требаат 20 такви амино киселини. Останатите 9 се наоѓаат во јајцата. Недостатокот на овие 9 амино киселини може да предизвика мускулна слабост, лош имунолошки систем, замор и промени на кожата и косата.

  • Помалку стрес и анксиозност

Недостатокот на горенаведените 9 амино киселини може да има ментални ефекти. Според истражување од 2004 година објавено во Зборникот на Националната академија на науките, дополнувањето на исхраната на населението со лизин го спуштило нивото на анксиозност и стрес, најверојатно со модулирање на серотонин во нервниот систем. Лизинот претставува есенцијална аминокиселина за луѓето, што значи дека организмот не може да ја синтетизира поради што неопходно е да се внесува со исхраната. Јајца, сирење, риба, млеко, компири, црвено месо, производи од соја, и квасец се добар извор на лизин.

  • Здрави очи

Присуството на двата антиоксиданси во јајцата, лутеин и зеаксантин, ги намалува шансите на макуларна дегенерација и катаракта – водечките причини за проблеми со видот на очите и слепило кај старите лица. Според една студија објавена во американскиот весник за Клиничка Исхрана, на учесниците кои консумирале 1,3 жолчки од јајце дневно за 4, 5 недели им се зголемило нивото на зеаксантин од 114-142% и лутеин од 28-50%.

Александра Трајаноска

 

Слични содржини