12 -годишен малолетник нападнат со метална шипка во главата

од Vladimir Zorba

Неколкумина малолетници нападнале дванаесетгодишно момче вчера вечерта околу 19 часот на улица „Александар Урдаревски“ во Скопје.

Нападот се случил додека момчето се движело заедно со своите другари, по претходна расправија со напаѓачите.

Еден од нив го удрил момчето со шипка во главата, по што повредениот бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје каде му биле констатирани телесни повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Слични содржини