12 сексуални партнери се самиот максимум

од Vladimir Zorba

Во рамките на речиси секоја врска има едно чувствително прашање – кој со колку луѓе спиел пред да се изрече она “Те сакам!”. А повеќето луѓе се срамат да ја кажат вистината. Загрижени дека ќе ги прогласат за развратници.

Од друга страна бројката покажува какво е сексуалниот искуство на соодветното лице. Излегува дека една едноставна бројка кажува премногу.

Неодамна најпопуларниот британски дејтинг сајт Illicit Encounters огласи во писмо до медиумите дека по направена анкета до корисниците е утврден идеален број на сексуални партнери. Истражувањето на веб сајтот цели да открие што мислат луѓето – со колку лица е прифатливо да легнеме, пред да започнеме нешто посериозно.

Податоците од нерепрезентативната анкета покажуваат дека мислењето на Западот се врти околу бројот 12.

Истражувањето покажува дека оние кои имале под 10 примероци, спаѓаат во конзервативните и неискусните од гледна точка на креветските активности. Од друга страна луѓето кои спиеле со повеќе од 19 лица се категоризирани како себични, тешки за задоволување и премногу либерални кон интимата. Од сајтот  сметаат дека поотворените не успеваат да ги разграничат сексот и романтичната љубов, поради што не се добри партнери за врска.

Обрнувајќи поглед кон сериозните односи, податоците од истражувањето покажуваат дека во рамките на односот мажите се една нијанса пољубоморни кон интимната приказна на своите партнерки. 55% од претставниците на посилниот пол сакаат да знаат што се случило пред да започнат односите. Од друга страна, 45% од жените бараат одговор на деликатното прашање “Ти со колку беше?”.

Тоа е така бидејќи мажите имаат навика да ги опседнуваат своите дами. Кај нив чувството за љубомора е изразено, а помислата дека некој друг може да е бил интимен со нивната омилена ги полудува. Во Македонија не звучи многу добро една дама да каже дека била со 12 лица. За маж може да помине, но за жена е директна асоцијациј на разврат.

За жал родните стереотипи се насочени кон активно судење на поотворени дами. Што предизвикува општо лицемерие за да лажат колку се нивните вистински сексуални партнери. Кај нас, најверојатно, 6 е добар одговор.

Слични содржини