Над една третина од Британците сметаат дека пишувањето на еротски пораки со друг е неверство кон партнерот, покажува новото истражување објавено во весникот “Индипендент”.4791029

Истражувачите открија дека 35 отсто од 2150 мажи и жени, анкетирани во онлајн анкета, не сметаат испраќање сексуални пораки и слики со друго лице за прељуба. Еден од 10 луѓе вели дека самите еротски пораки се “прилична шега”, а 62% сметаат дека сликите се понепристојна варијанта да флертуваат со некого и не се толку прифатливи, ако имате сериозна врска.

Околу осум проценти од луѓето признаваат дека си пишувале слични пораки во последната година, а за една третина тоа довело до средба или секс зад грбот на партнерот. Истражувањето, нарачано од адвокатската фирма “Slater & Gordon”, исто така, ја покажа разликата помеѓу начинот на кој мажите и жените гледаат оваа тема. Додека 49% од жените ги прифаќаат еротските SMS- и за неверство, на истото мислење се само 34% од мажите. Но и покрај тоа, повеќето мажи би се разделиле со партнерката, ако разберат за еротски разговор со други мажи.

Слични содржини