136 турски дипломати побараа азил во Германија

од Vladimir Zorba

Бранденбуршката порта свети во боите на турското знаме.

136 турски државјани со дипломатски статус побарале азил во Федералната република, соопштија од Министерството за надворешни работи во Берлин.

Атинскиот весник “Катимерини” вчера соопшти дека уште двајца турски војници, обвинети за директна подготовка за убиството на турскиот претседател Реџеп Ердоган, избегале во Грција и побарале азил. Според податоците на весникот двајцата бегалци неколку дена се во источниот град Александрополис.

Локално.мк потсетува дека веднаш по обидот за преврат минатото лето, во Грција избегаа со хеликоптер осум турски војници и побараа азил. Турција инсистира да бидат екстрадирани, но Врховниот суд на Грција одби, бидејќи смета дека во Турција не можат да се потпрат на фер судење и животот им е во опасност. Досега осуммината не добиле азил и се наоѓаат во притвор. / АФП

Слични содржини