-16 Берово, -13 Битола, -12 Маврово, -11 Пожаране, -10 Струмица, -9 Куманово, -6 Скопје…

од Vladimir Zorba

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

3 Прилеп, 7 Штип, 10 Кр. Паланка, Струмица, 15 Тополчани, 18 Д. Капија, 19 Скопје, 26 Берово, 28 Битола, 33 Тетово, 34 Крушево, 44 Ѓуриште, 50 Пожаране, 54 Лазарополе, 72 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-16 Берово, -13 Битола, -12 Маврово, -11 Пожаране, -10 Струмица, -9 Куманово, Кр. Паланка, -8 Тетово, Дебар, Виница, Ѓуриште, -7 Прилеп, Тополчани, Лазарополе, -6 Крушево, Скопје, Штип, -5 Д. Капија, -2 Дојран, Претор, -1 Гевгелија, 0 Охрид.

 

ВРЕМЕТО УТРОВО

Во североисточните делови е претежно ведро, само по котлините e со ниска облачност и дува почест североисточен ветер. Кон југозапад има умерена до значителна облачност. Магла има во Тетовско и Кумановско, а магливо е во Скопско.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

На североисток ќе биде претпладне сончево со мала облачност само понекаде наутро во котлините ќе е магливо со ниска облачност. Ќе дува слаб претежно североисточен ветер. Во пладневните часови ќе има почести сончеви периоди. Попладне облачноста од југозапад ќе се прошири насекаде. Во ноќните часови ќе започнат врнежи од слаб снег од југозападот на земјата. Тем од 1 до 5° С.

Во Скопје претпладне магливо со ниска облачност во пладневните часови со сончеви периоди, а попладне претежно облачно.Ќе дува слаб претежно североисточен ветер. Попладне облачноста од југозапад ќе се прошири насекаде. Тем. до 1° С.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Денес од ноќните часови, а потоа и во вторник и до среда до крајот на денот ќе има повремени врнежи претежно од снег со слаб, а кон југозапад и кон југ и со умерен интензитет. Во вторник преку денот на југоисток повремено врнежите ќе се од дожд. Во вторник и среда утринските температури малку ќе се покачат, а потоа од четврток утринските температури повторно ќе опаѓаат, а кон викендот ќе има се повеќе сончеви периоди.

Слични содржини