-18 Берово, -12 Скопје, Маврово, -11 Куманово, -10 Лазарополе, Кр. Паланка, -9 Струмица…

од Vladimir Zorba

 

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

7 Штип, 12 Кр. Паланка, Струмица, 18 Д. Капија, 20 Дебар, 21 Скопје-З.Рид,  Тополчани, 23 Скопје Петровец, 31 Берово, 32 Битола, 36 Тетово, Крушево, 46 Ѓуриште, 55 Пожаране, Лазарополе, 79 Маврово.

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ-18 Берово, -12 Скопје Петровец, Маврово, -11 Куманово, -10 Лазарополе, Кр. Паланка, -9 Струмица, 

Штип, Д. Капија, -8 Скопје-З.Рид, Ѓуриште, -6 Виница, Пожаране, -5 Дебар, Крушево, -4 Тетово, -3 Прилеп, Гевгелија, Тополчани, -2 Претор, Битола, 0 Охрид.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Умерено до значително облачно. Во Д.Капија и Пожаране има магла со ограничена хоризонтална видливост, а во Скопската и Струмичката котлина, како и во Пелагинија слаба магла. На места дува слаб ветер од северен правец.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево со мала облачност, во претпладневните часови со магла по одделни котлини. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималната температура ќе се движи од 0 до 6 степени, а во местата со магла ќе се задржи под нула.

Во Скопје умерено облачно, претпладне со слаба магла  Максималната температура ќе достигне до -2 степена.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре и во понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени, особено утре кога ќе се спуштат во интервал од -20 до -7 степени.Претпладне по oдделни котлини ќе има појава на магла. Во вторник и среда ќе има повремени врнежи претежно од снег со слаб, а на места умерен интензитет. До крајот на следната работна недела дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Слични содржини