18 месеци пред да умре легендарниот Дејвид Боуви ја однел својата жена Иман и нивната ќерка Лекс (15) на тајна посета на Лондон, тврди “Дејли Меил”.

Со патувањето пејачот сакал да му оддаде последна почит на градот во кој е израснал и да им ги покаже на најблиските местата со кои е емотивно врзан.

20160113.hbclcxbalx

Рок ѕвездата, чија смрт ја шокираше светот оваа недела, ги помина последните години во Њујорк заедно со сопругата и ќерката.

Семејството ги посетило the Tower Bridge, the London Eye и куќата во Брикстон каде е роден пејачот.
Поради тоа последно патување Боуви дури го надминал познатиот страв од летање.

Патувањето било чувано во длабока тајност дури и од најблиските луѓе на Дејвид и на Иман.

Двајцата биле толку маскирани за време на лондонската посета, што не биле препознаени од обожавателите.

Слични содржини