18-жртва на свлечиштата во Калифорнија

од desk4

87-годишен маж стана 18-тата потврдена жртва од свлечишта во Калифорнија, соопштија локалните власти, цитирани од американските медиуми.

Шерифот на округот Санта Барбара Бил Браун соопшти дека уште шест лица се водат за исчезнати, но уште пред да заврши прес-конференцијата, тој се врати кај микрофонот и соопшти дека имал телефонски повик во кој е информиран дека е пронајден 53-годишниот Џон Кијтинг.

“Тој е во болница надвор од регионот и се лекува. Значи во нашата листа на исчезнати луѓе останаа петмина”, рече шерифот.

Слични содржини