ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

3 Претор, 4 Прилеп, 7 Штип, 10 Дебар, 11 Струмица, Кр. Паланка, 17 Тополчани, 18 Д. Капија, 19 Скопје, 20 Скопје Петровец, 29 Берово, 30 Битола, 34 Тетово, 35 Крушево, 44 Ѓуриште, 52 Пожаране, 54 Лазарополе, 74 Маврово.

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-19 Берово, -12 Кр. Паланка, -11 Маврово, -9 Пожаране, -8 Куманово, Лазарополе, Ѓуриште, -7 Виница, -6 Крушево, Скопје Петровец, -5 Дебар, Тополчани, -4 Скопје, Охрид, Тетово, Штип, Прилеп, Претор, -3 Дојран, -2 Гевгелија, Битола, Струмица, Д. Капија.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

Без  врнежи.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Претежно облачно со појава на слаба магла.  Само на повисоките места и на планините во источна Македонија е ведро  и многу студено.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно со сончеви периоди и со слаб ветер од југоисточен правец. По котлините ќе има појава на  слаба магла и ниска облачноат. Температурата ќе достигне од 0 до 5 степени.

Скопје, претежно облачно со слаб југоисточен ветер, Температурата ќе достигне до околу 2 степена.

 

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

В понеделник времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени, кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Претпладне по oдделни котлини ќе има појава на магла.

Во вторник и среда ќе има повремени врнежи претежно од снег со слаб, а на места умерен интензитет, во крајниот југисточен дел од дожд и снег.

До крајот на следната работна недела дневните температури ќе бидат во опаѓање, а утринската ќе биде во пораст.

Слични содржини