2 Берово, 4 Маврово, 5 Скопје, Струмица, 6 Прилеп, Охрид..

од Vladimir Zorba

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

2 Берово, 4 Маврово, 5 Скопје-Петровец, Струмица, Гевгелија, Кр. Паланка, Лазарополе, 6 Прилеп, Охрид, Претор, Тетово, Битола, 7 Дебар, 8 Скопје-З.Рид, Дојран, Крушево, Д. Капија, Штип, Куманово, 9 Тополчани, Виница, Пожаране, 10 Ѓуриште.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Изутринава во земјава времето е сончево и претежно тивко, само во Осоговскиот регион дува слаб до умерен ветер од североисточен правец..

 

ВРЕМЕТО  ДЕНЕС

Сончево и топло со надпросечни температури за овој период од годината. Во текот на денот ќе има појава на мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 27 степени.

 Во Скопје претежно сончево со слаб ветер од зааден правец. Максималната температура ќе достигне до 26 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре во попладневните часови ќе има локален краткотраен дожд, особено во планинските подрачја. Во недела ќе биде променливо облачно со повремени врнежи  од дожд, на повисоките планини со услови за повремен снег. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а температура благо ќе опадне. На места ќе има и услови за ретки грмежи. Од понеделник поради спуштање на постуден воздух, температурите  позначително ќе опаднат.

 

Слични содржини