2 Берово, 5 6 Битола, Гевгелија, 7 Струмица, Тетово, 8 Дојран…

од Vladimir Zorba

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

2 Берово, 5 Лазарополе, 6 Битола, Гевгелија, Кр. Паланка, Маврово, 7 Струмица, Тетово, Д. Капија, Претор, 8 Дојран, Охрид, Штип, Прилеп, Дебар, 10 Куманово, Крушево, Скопје, Тополчани, 11 Виница, 12 Пожаране, Ѓуриште.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Утринава во земјава преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност , која повеќе е застапена во северните и западните делови. Дува слаб ветер од северен правец и повеќе е изразен на повисоките места и планините.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево со мала до умерена облачност, во попладневните часови со локален дожд, кој повремено ќе биде пороен со ретки грмежи, особено во планинските подрачја. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе се движи од 19 до 25 степени.

Скопје Сончево со мала до умерена облачност, попладне со услови за краткотраен  дожд и со слаб до умерен северен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 24 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а кон крајот на денот и во текот на ноќта на планините со повремен снег. Ќе дува и умерен, во западните делови повремено засилен западен ветер, а во текот на денот ќе има и услови за ретки грмежи. Температурата ќе има тенденција на понатамошно благо опаѓање и ќе се движи во интервалот од 15 до 22 степена. Кон крајот на денот  поради спуштање на значително постудена воздушна маса од североисток, ветерот ќе го промени правецот во северен, а на планините врнежите ќе поминуваат во снег. Во  понеделник ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки местасо повремени врнежи од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови и повремено ќе бидат со умерен интензитет.На планините ќе се формира и нова снежна покривка. Темперетурите позначително ќе опаднати ќе бидат во интервалот од 7 до 13 степени.

Потоа ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури и во средината на неделата ќе се движат од -2 до 4 степени, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Слични содржини