Пратениците во македонското Собрание денеска треба да ја продолжат  конститутитивната седница која започна на 30 декември 2016 година. Ова 20-то продолжение може да ја финишира функционалноста на новиот парламент.

Треба да се избере Комисијата за прашања на изборите и именувањата, а потоа да се премине на точката за избор на претсeдател на парламентот, но ако продолжи и натаму блокадата на парламентот, парламентарното мнозинство може да премине  и на втората точка и да го изгласа претседателот на Собранието, а со тоа повторно да да почнат роковите за мандатот, кој ќе треба да го додели претседателот Иванов. Тој рок би бил 10 дена од изборот на претседател на Собранието  што ќе значи почек, а потоа и формирање на новата Влада на РМ .

Во досегашната расправа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се за поништување на овие резултати на ова парламентарно мнозинство, а  цел е само  предвремени парламентарни избори заедно со локалните како излез од политичката криза.

Од СДСМ сметаат дека не се почитува собранискиот Деловник и оти пратениците од ВМРО-ДПМНЕ дискутираат за теми кои не се поврзани со точката на дневниот ред. Тие бараат да се премине на гласање на следната точка од дневниот ред, односно избор на претседател на Собранието, затоа што и новите избори ќе ја донесат државата во истиот ќорсокак, бидејќи ВМРО ДПМНЕ нема да има ниту еден партнер за колицирање, а сам нема да може да владее.

Од Алијансата на Албанците му порачаа на ВМРО ДПМНЕ ако толку сака нови избори, тогаш првин овој Парламент да изгласа нов мандат на СЈО , и да формира Специјален суд, па потоа да се самораспушти и да се оди и на локални , и парламнетарни и претседателски избори. За овој предлог молк од ВМРО ДПМНЕ.

Ова е 20 то продолжение  на конститутивната седница.

Слични содржини