ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

1 Дојран, 8 Скопје Зајчев Рид, Скопје Петровец, 9 Струмица, 10 Штип, Прилеп, Виница, 11 Охрид, Претор, Д. Капија, 12 Куманово, 16 Битола, 17 Кр. Паланка, 22 Берово, 23 Ѓуриште, 24 Крушево, 27 Дебар, 28 Тетово, 35 Тополчани, 45 Лазарополе, 49 Пожаране, 68 Маврово.

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-20 Маврово, -18 Лазарополе, Крушево, -16 Ѓуриште, -15 Тополчани, Пожаране, Берово, -14 Дебар, Прилеп, -13 Виница, Претор, Кр. Паланка, Куманово, Тетово, -12 Битола, Скопје Зајчев Рид, Охрид, Скопје Петровец, -11 Штип, -10 Д. Капија, Струмица, -9 Дојран, -8 Гевгелија.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

0 Гевгелија, Скопје, Прилеп, Виница, Кр. Паланка, Тополчани, Штип, Берово, Дебар, Куманово, Охрид, Струмица, 1 Тетово, Битола, Дојран, 2 Крушево, Претор, Д. Капија, Ѓуриште, Лазарополе, Пожаране, 3 Маврово.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Утринава насекаде во земјава е облачно и многу студено, на повеќе места со врнежи од снег со слаб а на планините и во источните делови врнежите од снег се со  умерен интензитет . Дува слаб ветер од северен правец и повеќе е изразен на повисоките места, долж јужното Повардарие и Штипскиот регион.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно и студено со повремени локални врнежи од снег со слаб интензитет, а во источните делови облачно со врнежи од снег со умерен интензитет. Ќе дува  умерен северен ветер. Највисоката температура на воздухот ќе биде во интервалот од -10 до -3 степени.

 

Скопје Променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до -6 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

И утре времето ќе биде  студено со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и во јужните делови ќе има врнежи од снег со слаб интензитет.Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

До четврток ќе се задржи многу студено со благ пораст на дневната температура, а позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нови врнежи од дожд и снег се очекуваат во петок попладне и во сабота претпладне.

Слични содржини