Роден како Дејвид Роберт Џонс во Брикстон во Лондон, го дели роденденот со уште една легенда-Елвис.

Jareth-david-bowie-34011348-1920-1080

Десната зеница на Дејвид е трајно проширена, откако неговиот пријател Џорџ Андервуд го удрил во училишна тепачка. Поради проширената зеница некои мислат дека Дејвид има различна боја на очи, но не е така.
Почнал да свири саксафон на 12 години, а вкупно свири 14 инструменти.

Неговото прво музичко издание е ‘Liza Jane/Louie Louie Go Home’ во 1964 година под името Дејвид Џонс. Подоцна го сменил во Боуви, за да ја избегне конфузијата со музичарот Дејви Џонс.

david_bowie

На 17 години дал интервју за ББС како основач на Друштво за превенција на насилство кон долгокосите мажи. Во 2004 година на концерт во Норвешка, некој од публиката го погодил со лижавче во проблематичното око, а откако го отстранил лижавчето, продолжил со концертот.

Првата водечка улога му е во филмот ‘The Man Who Fell to Earth“.

Во 2006 година се појавил во филмот ‘Prestige’ со Хју Џекман и Скарлет Јохансон.

david-bowie-2013

Неговиот постар полубрат Тери боледувал од шизофренија и направил самоубиство во 1985 година, и бил инспирација на песните „Aladdin Sane’, ‘All The Madmen’, ‘The Bewlay Brothers’ i ‘Jump They Say’.

Со сомалиската манекенка Иман се оженил во 1992 година. Имаат ќерка Александра. А како посвета на својот сопруг Иман на глуждот има истетовирано мач.

Дејвид бил во 10 бендови – The Konrads, The Hooker Brothers, The King Bees, The Manish Boys, The Lower Third, The Buzz, The Riot Squad, The Hype, Tin Machine i Tao Jones Index.

Во слободно време цртал, сликал, правел скулптури и пишувал. Негови најдраги уметници се Тинторето, Пикасо и Мајкл Реј Чарлс.

bowie_aladin_sane_1000px

Ханс, малото студио во Берлин со поглед на Берлинскиот ѕид, каде ја снимил ‘Berlin trilogy’, денес е своевидна туристичка атракција.

Неговиот алтер его, Ziggy Stardust, инспириран е по случајна средба со тогаш веќе изгубената поп звезда и зависник од дрога Винсент Тејлор во улицата Карнеби во Лондон.

Боуви одбивал да пие чај, бидејќи тврдел дека на 5 години имал ужасна несреќа со лажица од тој напиток.

На албумот ‘Diamond Dogs’, Дејвид ги свири речиси сите инструменти.

Песната ‘Under Pressure’ со групата Queen направена е на спонтана свирка во студиото на Дејвид во Швајцарија.

На врвот на својата зависност од кокаин, наводно толку бил параноичен што својата урина ја криел во фрижидер за да не му ја украде злобен волшебник.

david_bowie_hd_wallpaper-1600x1200

Дејвид е висок 178 см.

Неговото славно признание дека е бисексуалец се случило за време на интервју за za Rolling Stone во 1972 година, но подоцна изјавил дека сето тоа го измислил бидејќи сакал да го следи своевидна мистериозност.

Својата прва жена, Енџи Боуви, ја запознал додека „оделе“ со ист маж.Се венчале во 1970 година, а се разделиле во 1980 година.Својот син го крстил Зои Боуви, но момчето толку го мразело името и го променил во Џое. Денес е познат филмски режисер.

Слични содржини