0879829001465982898_545199_600x458

Некои велат дека животот е навредливо краток, други пак сметаат дека е доволен за да се живее најубавото од него. Понекогаш губиме време во емоции и мисли, проблеми и задачи кои не носат вредност. Тоа се 20 непроценливи совети кои сигурно ќе ги запаметиме …

 
1. Луѓето велат “Најди работа која ја сакаш!”. Тоа сепак воопшто не е најдобриот совет. Правилната работа е онаа која во некои денови ја сакаш, која ја толерираш во поголемиот дел од времето и преку која можеш да си плаќаш сметките. Речиси никој нема работа, која ќе ја сака секој ден.
2. Годините си минуваат неосетно, не склучувајте брак, додека сте уште млади.

0712575001459415035_0
Изживејте го живот. Посетете различни места. Без разлика дали имате средствата или не. Соберете ги куферите и одете на место кое може да си дозволите да го посетите. Не купувајте предмети, видете го светот. Истражете ги туристичките списанија и изберете место. Тргни!
3. Не го земајте животот сериозно. Дури и работите да изгледаат мрачни и безнадежни, обидете се да се насмеете над апсурдноста на животот.
4. Еден вистински пријател ќе се стрча кон вас, дури и да му се јавите во 2 ноќе. Сите други се познати.
5. Најважниот човек во животот ви е оној кој се согласил да го сподели својот живот со вас. Однесувајте се кон него соодветно.
6. Децата растат неосетно. Употребете го времето со нив.
7. Никој не умира, мислејќи дека морал да работи повеќе. Работете напорно, но не ја ставајте кариерата над семејството, пријателите или дури самите себе.

0728812001431504490_0
8. Вашиот живот може да е подолг. Но може и да е краток. Кој знае? Онака, бидете сигурни дека еден ден ќе посакате да сте се грижеле подобро за себе, додека сте биле млади.
9. Ако животот ви се лизга, вратете се момент назад. Насочете наутро кон сè што е убаво и смирувачко. Земете длабок здив, смирете се.
10. Јадете и вежбајте како да сте дијабетичар со кардиоваскуларни проблеми. На овој начин никогаш нема да се претворите во таков.
11. Имаме само еден живот на оваа планета. Не стигнувајте до таму што еден ден ќе се разбудите на 60 и ќе сфатите дека не сте направиле работите за кои некогаш сте си сонувале.

0111469001442310726_0
12. Можеби овој совет не е толку остроумен, како и сите останати. Но според мене е важен – чистете ги забите со конец редовно. Одењето на забар е нешто ужасно.
13. Не ги земјате туѓите совети како чиста монета. Можете да се распрашувате од некого, кого го почитувате. Потоа сепак преиспитајте ја ситуацијата и донесете ја сами својата одлука. Мој совет е – следете го својот совет.
14. Предмети се само предмети. Не се приврзувајте кон материјалните објекти, туку кон времето и доживувањата.
15. Зглобовите кои ќе ги оштетите денес, ќе се одмаздат по години. Дури и да сте си мислеле дека ќе се обноват целосно, верувајте ми не.

16. Ценете ги малите нешта, живејте во сегашноста. Што мислам ? Ми се чини дека денес младите луѓе бараат непосредно задоволство. Наместо тоа, зошто не се обидете да го цените секој мал момент? Немаме можност да останеме на оваа глупаво-прекрасна планета засекогаш. А најголемите задоволства можат да бидат откриени во повеќето обични активности. Наместо да испраќате SMS, директно јавете се на човекот. Зазѕвонете на мајка си, поразговарајте со неа. Тоа се моментите кои ќе останат со вас засекогаш.

0596940001397040918_0
17. Плаќаајте си ги сметките и никогаш не се претвораајте во должници. Ако можев да си ги земам сите пари кои сум ги дал по камати, веќе ќе бев се пензиониран.

18. Љубомората ги уништува врските. Верувајте на својот партнер, бидејќи ако не на неа, тогаш на кого друг?
19. Ако сонувате да направите нешто што на прв поглед изгледа невозможно, пробајтеи покрај сè, бидејќи со годините, додека стареете ќе станувате одговорни за повеќе луѓе и ќе станува уште потешко.
20. Кога се сретнете со некого за прв пат, да застанете за миг и да сфатите дека всушност не знаете ништо за него. Гледаш раса, пол, возраст, облека. Заборавете за сето тоа. Ништо не знаете. Овие претпоставки направени врз основа на различни предрасуди, изникнуваат во мозокот , само затоа што тој сака да се категоризираат нештата. Тие сепакго ограничуваат животот и на вас, и на останатите околу вас.

Слични содржини