-21 Маврово, -20 Битола, Тетово, -19 Крушево, -18 Дебар, Прилеп, -17 Куманово, -15 Скопје Петровец, -14 Охрид…

од Vladimir Zorba

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 8 часот).

7 Д. Капија, 8 Скопје Петровец, Скопје, 9 Струмица, 10 Прилеп, Виница, 11 Охрид, 14 Штип, 15 Битола, 19 Кр. Паланка, 20 Ѓуриште, 22 Крушево, 26 Тетово, 27 Берово, Дебар, 35 Тополчани, 45 Лазарополе, 52 Пожаране, 64 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-21 Маврово, -20 Битола, Тетово, Лазарополе, -19 Крушево, -18 Дебар, Прилеп, -17 Пожаране, Куманово, -16 Кр. Паланка, Берово, Ѓуриште, -15 Тополчани, Скопје Петровец, -14 Охрид, Виница, Претор, -12 Скопје, -11 Штип, -10 Д. Капија, Струмица, -8 Дојран, -7 Гевгелија.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 8 часот.

Без врнежи.

 

ВРЕМЕТО УТРИНАВА

Преку ноќта беше променливо облачно. Утринава е променливо облачно и студено, а само на југозапад е претежно ведро. Дува  слаб умерен северен ветер кој во Гевгелиско повремено засилува.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Променливо облачно и многу студено со сончеви периоди, и со услови за провејување на снег. Ќе дува  умерен северен ветер поинтензивен во Повардарието. Преку ноќта кон вторник ќе има повремен снег претежно на југот од земјата. Температурата денес во интервал од -10 до -2° С.

Во Скопје променливо облачно, со услови за провејување на снег. Ќе дува  слаб до умерен северен ветер. Температурата денес до -6° С.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Уште утре ќе се задржи претежно променливо облачно и понатаму многу студено време со услови за повремено провејување на слаб снег почест од вечерните часови. Утре врнежите од снег ќе завршуваат, а ќе се почести во јужните делови од земјата. Се уште ќе дува северниот ветер, но ќе е послаб.

Во среда и четврток ќе преовладува променливо облачно време и ќе започне постепен пораст на температурата. Ќе настапи краткотрајно и не многу брзо топење на снегот. На крајот на работната недела краткотрајно ќе дува јужен ветер и со позначителен пораст на температурата на воздухот од запад ќе започнат нови преодни врнежи кои на југот од земјата ќе бидат од дожд.

 

Слични содржини