-21 Скопје, Берово, -20 Битола, -19 Тетово, -18 Куманово, Д. Капија, Штип, -17 Струмица…

од Vladimir Zorba

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 7 часот).

1 Дојран, 2 Гевгелија, 8 Скопје, 10 Прилеп, Скопје Петровец, 12 Виница, 13 Штип, 14 Д. Капија, 15 Охрид, Претор, 16 Куманово, Струмица, 18 Кр. Паланка, 19 Битола, 24 Крушево, 25 Тетово, 26 Ѓуриште, 27 Дебар, 29 Берово, 36 Тополчани, 41 Пожаране, 47 Лазарополе, 62 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-21 Скопје Петровец, Берово, -20 Битола, -19 Тетово, -18 Куманово, Д. Капија, Штип, -17 Струмица, -16 Скопје Зајчев Рид, Прилеп, -15 Кр. Паланка, -14 Виница, Дебар, Пожаране, -13 Тополчани, Ѓуриште, -12 Маврово, Гевгелија, -10 Лазарополе, -9 Крушево, -8 Претор, -7 Дојран, Охрид.

 

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) за 24 часа, до 7 часот.

1 Тополчани, Струмица, Крушево, Дојран, 2 Дебар, Д. Капија, Претор, 3 Лазарополе, Битола.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Преку ноќта беше ведро, а изутринава е сончево со мала до умерена облачност и многу студено, по одделни котлини со слаба магла. Само на места има зголемена облачност.

 

ВРЕМЕТО ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен, а во западните делови умерен ветер од западен правец. Температурата ќе достигне од -4 до 5 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб западен ветер и со температура до -2 степена.

 

ВРЕМЕТО УТРЕ

Променливо облачно со сончеви периоди, во текот на денот потопло со умерен јужен ветер. Попладне облачноста од запад ќе се зголемува, а кон крајот на денот во западните делови на планините ќе има повремен снег, а во пониските места на запад дожд и снег. Утринска температура од -14 до -5, а дневна температура од 2 до 7 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во сабота, особено претпладне, на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските места врнежи од дожд и снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните делови каде ќе дојде до зголемување на снежната покривка. На пониските места на југот и вдолж Повардарието поради повисоките дневни температури снежната покривка делумно или целосно ќе се истопи. Во недела ќе има преодно стабилизирање, а од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од снег со променлив интензитет. Дневните температури ќе се одржуваат околу нулата.

 

Слични содржини