23 годишното момче на Бритни ѝ купи нови гради

од Vladimir Zorba

Бритни Спирс веќе гордо се фали со нови гради, кои најверојатно се подарок од помладото нејзино момче Сем Асгар, тврди близок до пејачката пред RadarOnline.

“Сем е фитнес тренер и заедно со Бритни изградија совршено за неа тело во последните месеци. Таа сепак се чувствуваше незадоволно во врска со големината на градите “, коментира изворот.

Како вистинско добро момче и потенцијален иден сопруг, 23-годишниот млад играч не се двоуми да ѝ ја врати самодовербата на партнерката.

“Сем ја изненади со тоа што ѝ најде хирург, за да ѝ ги зголеми градите и дури и закажа преглед во клиника во Лос Анџелес. Таа се подложи на операција пред неколку недели. Бритни е пресреќна од резултатот и смета дека градите ѝ се феноменални “, откри друг од опкружувањето на ѕвездата.

35-годишната поп пејачка се надева дека наскоро ќе помине под венчилото со Сем и френетично прилагодува што ли не на себе. Според блиски на русокосата таа е во френетично пребарување на пластичен хирург кој ќе ѝ го затегне малку лицето, но така што ќе изгледа природно млада.

 

Слични содржини