Претседателот  на државата Ѓорге Иванов не ја коментира одлуката на Уставниот суд, со која по седум години, откако беше укината, се враќа  законската можност претседателот да помилува лица осудени за изборни измами,  педофилија и злосторства против човештвото, објави телевизија 24 вести.  Од Кабинетот на Иванов за телевизијата  само кусо велат дека претседателот досега не коментирал уставни одлуки.
Ivanov-480x352
– Претседателот досега не коментирал ниту иницијативи ниту одлуки на Уставниот суд.“-велат од Кабинетот на Иванов за 24 вести.
24 вести побарале и коментар од поранешниот министер за правда Михајло Маневски, во чие време се иницираа и донесоа измените на Законот за помилување, со што се внесе одредба со која Претседателот на државата  може да помилува единствено по предлог на министерот за правда, односно постапката ја поведува министерот.
132316338
И актуелниот министер за правда Аднан Јашари не коментира, но извори од министервото за 24 Вести велат во првада се изненадени од одлуката на уставен, и порачуваат дека дека Уставниот суд со оваа одлука го урива судскиот систем во државата. Итните извори велат дека оценката на академик Камбовски за државен удар е најсоодветна кваилификација за одлуката на највисокиот суд. Дел од правните експерти, но и универзитетските професори освен со осуда за одлуката, нелогичности гледаат и во образложението.
За поранешниот уставен судија Игор Спировски, неприфатливо е образложението на Судот дека Собранието се меша во овластувањата на претседателот. Во интервју за порталот Академик, Спировски појаснува дека самата условеност на помилувањето со закон, е во насока на ограничување на апсолутната моќ на претседателот.

Слични содржини