Јахтата се паркирала во пристаништето Груж, а за танкирањето на јахтата требале полни 27 саати.

Лесно е да се пресмета дека Абрамовиќ во својата јахта натанкирал милон евра гориво.

Eclipse е втората најголема јахта во светот и сите оние кои ја видоа им го одзеде здивот.

Со нејзиното впловување Дубровчани имале можност да ги угостат сите досегашни јахти на Роман Абрамовиќ.

Со се другите три јахти сите по ред се вбројуваат меѓу дваестте најголеми во светот, па Роман Абрамовиќ со право може да се каже дека има своја морнарица, наведува Дневник.хр.

Luna, Pelarus, Ecstase  и Eclipse вкупно имаат  479 метри опремени со неверојатен луксуз и со најсовремена технологија.

Со своите 115 метри   Pelarous е 19 та луксузна јахта по големина во светот. Pelarus развива брзина од 19 чворови, има низа од помошни бродови, два хелиодроми, гаража преполна со  ‘морски играчки’ oд jet скии до наводно мини подморници.

Сопственикот на фудбалскиот клуб Chelsea оваа јахта како бонус им ја отстапи на најдобрите играчи па така на неа летуваа  Frank Lampard, a John Terry на  Pelarusu го помнал медениот месец. Јахтата веќе не е во сопственост на Абрамовиќ бидејќи по разводот во  2009 година и прпаднала на неговата бивша сопруга која две години подоцна му ја продаде на познатиот холивудски продуцент  Davidu Geffenu.

Најголема истражувачка јахта во светот Luna е долга  115 метри препознатлива по големата отворена крма. На неа се наоѓа голем базен и простор за сончање, а дел од флотата на Абрамовиќ станала откако 2 000 година е купена во Норвешка.

Познато е дека Луна се одликува со исклучителен луксузен и иновативен дизајн. Тука, како и на сите други јахти на Абрамовиќ се два задолжителни хелиодроми. Луна со оглед дека станува збор за истражувачко пловило, сопственикот ужива во луксузот додека таа поминува огромини далечини без танкирање, а посебно е опремена за пловидва во отежнати ледени мориња. Јахтата е сеуште во сопственост на Абрамовиќ.

Ectase во Дубровник последен пат е видена во   2007. година, а две години подоцна  Абрамовиќ ја продава. Внатрешното уредување на јахтата е инспирирано од Азија, а примала 12 патници кои биле сместени во шест луксузни кабини. Во споредба со останатите јахти на Абрамовиќ таа била под 100 метри па се претпоставува дека со неполни 86 метри му станала претесна па одлучил да ја продаде.

Гостите на Eclipse ќе можат да уживаат безгрижно и во незгодни пози бидејќи папараците не ќе можат да ги снимат. Јахтата меѓу другото е опремена  со електронски штит кој штити од заинтересираните погледи. Најсовремениот состав на заштита вклучува и детектор на торпеда за стаклото  отпорно на куршуми.  Со  Eclipsа вредноста на јахтите со кој Абрамовиќ во изминатите 5 години го посетил Дубвоник се качува на вртоглави околу десет милјарди евра