Протестите на граѓанското движење „Протестирам“ продолжуваат и денеска, со тоа што за разлика од претходните денови кога се тргнуваше од пред Владата, па се одеше до Основен суд и пред Собранието на Република Македонија, или вчера, кога се тргна од Основен суд по што поворката стаса пред Владата, денеска протестот ќе се одржи пред Владата со почеток во 18 часот.

11233573_1651045381781151_2483432618053780563_o-1-381x540

Така, овој протест ќе стане засилување на кампот на демонстрантите кои рекоа дека нема да заминат додека не си замине владата на Никола Груевски.

Претходно денеска се проширија гласини за одржување на протестот пред Основен суд Скопје 1.

„Како и ‪#‎секојденво6‬, и денес во 18:00 ќе протестираме и ќе ги повториме нашите барања пред Влада.
ВАЖНО: Протестот нема да биде пред Основен суд како што беше претходно најавено, туку пред Влада!“, информираше „Протестирам“.

Слични содржини