Сите се гласни и  насочени кон слободни медиуми но многу малку се потенцира  и се зборува за слободата на интегритетот на новинарите, од друга страна суштината  е дека нема слободи кога имате  економски зависни ,  егзистенцијално загрозени новинари, е посочено на денешната работилница на Синдикатот на новинари и медиумски работници (ССНМ)во Охрид,

11694319_10153433584339804_1478758502_n

Новинарскиот синдикат лидерски ги движи работите но неопходна е вклученост на сите новинари и медиумски работници  обученост на синдиланите фронтмени за  добивање на битката за работничките права. Откази , ниски плати,  неисплата на прекувремно, празнично работење , немање слободни денови, тоа е нешто што ги засега сите и оние кои се во провладини или пропоизициски медиуми, се согласија сите и затоа синдикатите мора да се препознаваат како своја инстиуција,  а не нечии или организации на едните или другите.

11693082_10153433586739804_778027959_n

Нема ѕвезди, или заштитени ѕверки, или „ мене сега не ме засега, ок ми е платата“ , порано или подоцна сите доаѓаат пред отказ или пред притисоците , во зависнотод кршливоста или  од тоа  колку им трае „употребната вредност“, во функција на политиките на газдите на медиумите посочи, потпретседателот на на ССНМ Драган Антоновски.

11720438_10153433585309804_194392081_n

Јасмина  Поповиќ потпретеседател на Европското здружение на новинарите и синдикален лидер на новинарите на Хрватска, и новинар пред се, пренесе дел од искуствата на медиумите во Хрватаска,  и потсети дека е неопходно  во сите тие релации на медиуми и газди дека е неопходно правна обученост, на  новинарите и да се  биде дел од институцијата Синдикат , за да се присилат работодавачите да  не ги газат работничките права.  Колективните договори се нужност за синдикалната опстојба кои  мора да се прошират да важат и за новинарите кои се вон редакциите и медиумите, т.н фриленсери, посочи Поповиќ.11720142_10153433584929804_614648842_n

Арне Конинг од шведскиот  синдикат и поранешен претседател на Европската федерација на новинарите нагласи дека мора да се шират подрачјата на дејствување и збивање на редовите на синдикалната борба. На европските синдикалци им е веројатно, полесно  поради традициите(1901) во функционалноста на синдикатите, но таа инстутиција е клучна  за оддржување на  освојување  на работничките права . Во скадинавските земји членарината е по 40 евра месечно,   во некои европски држави и 100 евра месечно, но со тоа се оддржува вистинската независност на синдикатот., и само така со  тоа  се обезбедува професионалност во функационалноста на синдикатот  и обезбедува голема заштита на своите членови.

11719899_10153433586264804_1914751073_n (1)

Во рамките на важноста на општиот контекст на правниот аспект на  работничките права  Драган Секуловски даде осврт на националната рамка за вработување на новинарите и медиумските работници, посочувајќи дека Законот за работни односи во последните 10 години бил изменет петнаесет пати од кои само во 2015 година четири пати и тоа без видлива дебата или вклученост на засегнатите страни. Ова го прави Законот за работни односи тежок за разбирање од страна на новинарите а со тоа и на јавноста.

Овие работилници се во ракмите на 5 дневната обука  на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници „Лобисти во медиумската индустрија“ , во рамките на проектот „Работнички права на медиумските работници“, поддржан од Британската амбасада во Скопје, На обуката учествуваат 15 новинари и  медиумски работници кои ги споделуваат личните искуствата и согледувања за актуелните медиумски економски  состојби компарирани од локални и меѓународни експерти.

 

Слични содржини