-3 Берово, -1 Скопје, Струмица, 0 Битола, 1 Претор, Куманово, Охрид, Дебар, Гевгелија…

од Vladimir Zorba

 

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 7 часот).

14 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-3 Берово, -1 Скопје Петровец, Струмица, 0 Д. Капија, Кр. Паланка, Битола, Лазарополе, 1 Претор, Куманово, Охрид, Дебар, Гевгелија, 2 Скопје-З.Рид, Штип, Тетово, 3 Прилеп, Маврово, 4 Виница, Крушево, 6 Ѓуриште, Пожаране, Тополчани, 8 Дојран.

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Ведро со мала до умерена локална облачност. Дува слаб ветер од западен и северозападен правец.

 

ВРЕМЕТО  ДЕНЕС

Сончево и топло со мала облачност и со слаб јужен  ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20 степени.

Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

И утре ќе се задржи стабилно и топло време со услови за слаба утринска магла по одделни котлини.. Во текот на ноќта кон сабота и во сабота преку нашето подрачје ќе помине влажен бран. кој  ќе услови зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на  повисоките планини од снег. Повеќе врнежи се очекуваат во западните и северните делови. Дневната температура значително ќе опадне во споредба со денешната, особено во недела, кога ќе биде во интервал од 6 до 11 степени.

 

Слични содржини