клуб пратеници
Средбата на преговарачките тимови, на чиј дневен ред беше спец-обвинителот,заврши по три часа преговори без никаков резултат.Претставнциите на партиите заминаа без да дадат изјава за медиумите, а по нив молчешкум исто така заминаа и меѓународните експерти, поранешниот ирски обвинител Џејмс Хамилтон, американскиот обвинител за организиран криминал и корупција Џон О` Саливен и белгискиот експерт Питер Ван Хојт.

Ако судиме по молчеливоста и сензационализмот кај македонските политичари евидентно е дека се уште нема доoгвор за обвинителот кој ќе треба да ги решава случаите „Прислушување“ и „Пуч“

Позициите на опозицијата на овие преговори се: целосна автономија на спцијалниот обвинител, да има неколку заменици, стручна служба и финансиска независност и независност од Зврлевски, и тој да биде одговорен пред Собранието или пред Советот на јавни обвинители.

Според власта пак, постојната законска регулатива овозможува формирање на специјално оделение при Јавното обвинителство по примерот на Обвинителството за организиран криминал.

Слични содржини