ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) до  7 часот.   2 Лазарополе, 3 Пожаране, 4 Крушево, 10 Маврово.

времет

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ-3 Маврово, Лазарополе, Берово, -2 Пожаране, -1 Струмица, Скопје Пет., Кр. Паланка, Дебар, Д. Капија, Крушево, 0 Штип, Прилеп, Тетово, Битола, 1 Тополчани, Ѓуриште, Виница, Гевгелија, Куманово, 2 Скопје, Пожар, 3 Претор, 4 Дојран, Охрид.

НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ (во л/м2) до 7 часот.1 Ѓуриште, Битола, Штип, Берово, Виница, 2 Претор, 3 Прилеп, 4 Тополчани, Лазарополе, Скопје, 6 Дебар, 8 Тетово, 11 Маврово, 13 Крушево, Охрид, 14 Пожаране.

ВРЕМЕТО УТРИНАВА  Преку ноќта облачноста се намали и утринава умерена облачност има само во северните делови од земјата. Магла во 7 часот има во Демир Капија и во делови од Скопската котлина. Дува слаб до умерен променлив ветер.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС  Претпладне сончево со мала до умерена облачност, апопладне променливо облачно со повремен дожд, особено во јужните и западните делови од земјата. Ќе дува претпладне слаб, а попладне умерен ветер претежно од јужен правец. Температурата ќе биде во интервал од 9 до 16° C. Во Скопје променливо облачно претпладне со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има услови за слаб повремен дожд. Температурата до 14° C.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд и умерен јужен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во сабота, кога повремено ќе дува и засилен јужен ветер. Од недела условите за појава на повремени врнежи ќе се помали, a температурите ќе бидат во постепен пораст па во средината на работната недела на југоистокот температурите ќе надминуваат 20 степени.

 

Слични содржини