3 работи што стручњаците за исхрана сакаат да ги знаеме

од Vladimir Zorba

Ако целта ни е да се храниме здраво или да го изгубиме вишокот килограми, важно е да имаме предвид некои совети на експертите во областа на исхраната. Тие разоткриваат некои од најголемите митови и посочуваат на фактите на здравата исхрана …

1. Етикетата не секогаш е гаранција дека храната е здрава

Според многумина ниската содржина на масти и високата содржина на влакна е најдобрата комбинација.

Кога на етикетата пишува дека производот содржи големо количество влакна или додадени витамини и минерали, постои веројатност во него да се откријат и високи нивоа на сол, шеќер или заситени масти. Важно е да ја избегнуваме потрошувачката на пакувани производи, кога е можно, и да ја читаме етикетата пред да купуваме.

2. Хранливите режими, вклучувајќи сокови за детоксикација, можат да се екстремно нездрави

Овошните сокови не се корисни како што е потрошувачката на целите овошја или зеленчук. Тие не се и здрав и безбеден метод за слабеење.

Организмот има природен механизам за отстранување на токсините – преку црниот дроб, бубрезите и гастроинтестиналниот тракт. Тие ги чистат токсините и штетните материи кои не смеат да остануваат во организмот.

Кога користиме овошни и зеленчукови сокови за слабеење, навистина доаѓа до губење на килограми, но подоцна постои ризик од појава на несакани ефекти како губење на енергија, главоболка, намалување на нивото на шеќерот во крвта и запек, поради недостигот на влакна.

Покрај тоа, кога ќе почнаме да се храниме нормално, ја враќаме изгубената тежина.

3. Бисквитите никогаш не можат да бидат здрави грицки

Јадењето меѓу главните оброци го држи апетитот под контрола, корисно е пред тренингот и набавува вредни хранливи материи. Сепак, треба да го избираме појадокот паметно, а тој не треба да изобилува со шеќер и заситени масти. Повеќето бисквити, за кои се тврди дека имаат високи количини влакна, ги содржат. Ова главно се должи на кремовите, конзервансите и маслото.

Слични содржини