323-ца навивачи се приведени од страна на француските власти од почетокот на Европското првенство, соопшти денеска министерот за внатрешни работи на земјата домаќин Бернар Казньов.

4885742Турнирот започна пред помалку од една недела, но веќе имаше неколку случаи на масовни судири на навивачите, како Русите беа меѓу најактивната во криминалните активности, што и донесе на репрезентацијата на Русија последно предупредување за отстранување од првенството. Вкупно уапсените се 323-ца, од кои 8 се осудени по брза постапка и ќе одлежат ефективни казни, а тројца добиле условни казни. Во меѓувреме стана јасно дека меѓу уапсените руски приврзаници е крајнодесничарскиот симпатизер Александар Шпригин. Тој и уште 20 Руси, кои се членови на неговата група, се  депортирани, соопшти извор од француското Министерство за внатрешни работи

Слични содржини