Власта не сака да ја зголеми минималната плата и да им помогне на работниците, опозицијата не ги почитува трипартитните договори , нема сенес за стопанството и предлга популистички закон, вака пратениците се обвинуваа меѓу себе околу предлогот за зголемување на минималната плата од 8050 на 11 000 денари. Едните тврдат дека со повисока минимална плата ќе се подобри стандардот, другите дека стопанството тоа нема да издржи.Денеска продолжува истата дебата .

пари-2

Со законот се предлага висината на минималната нето плата да биде 11 илјади денари и да важи за сите сектори, како и да се формира фонд за поддршка на стандардот на живот на вработените.

На дневниот ред на 67. седница се и Предлог законот за изменување на Законот за буџетите во прво читање и Информацијата за проблемот со се поголемото иселување, особено на младите од Република Македонија, поднесени од опозицијата.

Пратениците треба да го разгледаат и Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, по скратена постапка.

Слични содржини