330.000 долари за еднонеделен чувар на децата на Трамп

од Vladimir Zorba

Безбедноста на децата   на американскиот претседател Доналд Трамп, за време на нивниот одмор во Аспен(Колорадо),  американските даночни обврзници ги чинеа 330.000 американски долари.


Ова е објавено од страна на CBS ТВ, цитирајќи ги документите на Одделот за домашна безбедност добиени преку судот според Законот за слобода на информациите.
Станува збор за Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џаред Кушнер, советници на американскиот лидер, како и  за Ерик Трамп и неговата сопруга. За нивната безбедност во март оваа година, за време на нивниот еднонеделен одмор во ски-центарот, Одделот за домашна безбедност потрошиле 329.561 долари.

Слични содржини