Доколку сте во дилема , што да им подарите на вашите сакани за денот на вљубените, само потсетете се кој е нивниот астролошки профил и ние ќе ви помогнеме да го одберете најпогодениот подарок.

download

Овен – високи очекувања

Претставниците на овој огнен знак е важно да се почувствуваат почитувани и згрижени, затоа жените ќе се радуваат на скап парфем, а господата од хороскопскиот знак – на брендирани пијалоци по сопствен вкус.

Ќе го прифатат подарокот, сеедно што и да е, но не дозволувајте тоа да ве навредува. Не го мислат всушност тоа, само недостаток на тактичност е.

Бик – скромен, но чека подарок

За Бик е важно трпезата да е претрупана, па и двата пола од зодијачкиот знак ќе се израдуваат на екскурзија со убава вечера или курс за дегустација.

Близнаци – подарок според двојната суштина

Добра книга или забава со бурни танци ќе ги зарадуваат Близнаците, според изборот -вие знаете дали повеќе сакаат по дома да седат или се обожаватели на луди ноќни забави.

Рак – ќе ви се заблагодари соодветно

images (2)

Дамите од овој воден хороскопски знак ќе останат вчудовидени, ако изберете соодветен подарок за нив во стилот на скапоцен камен, дури и да не е многу скап. На мажите од овој зодијачкиот знак им пак допаѓаат практични подароци – кожен ремен, пенкало или пак скап додаток за мобилен телефон.

Лав – ja чека својата „голема пита“, но…

Суета претставници на величествениот огнен знак нема да се откажат од поскапи подароци типични за нивната природа. Дамите ќе се израдуваат на марка тоалета или скапа чанта, додека машката половина ќе се израдува на скапо вино.

Девица – јакна

images (3)

Девиците сакаат практични работи, но секоја жена сака да биде почитувана. Убава слика или сервис ќе ја израдува вашата половина, а мажите ќе одобрат вратоврска или јакна.

Вага – Подарете им искуство, може и домашен театар или групно гледање на филм

Нема поубав подарок за Вагата од некакво искуство, поврзано со она што го обожаваат. Курс за готвење, концерт на омилен изведувач или авионски билети до омилени дестинации се универзалните подароци за претставниците и на двата пола од овој знак.

Шкорпија – лесно се лутат, ако не им угодите,затоа бидете внимателни при изборот

Овој воден знак ќе ја одобри подеднакво и добрата книга, и патување, но пред тоа фино одоколу распрашајте ги што би сакале да добијат – инаку ризикувате мрморење, ако не им се допадне гестот.

Стрелец – потребно е да импресионираат со својата нова придобивка и другите да им честитаат

Ако барате подарок за огнениот Стрелец, изберете нешто стилски и импресивно – посакувана од нив облека, чанта или друг додаток, нов лаптоп или мобилен телефон. Дадете им го подарокот уште рано науто , нетрпеливи се и се нервозни, ако треба да чекаат.

Јарец – Кон подарокот додајте им и некој романтичен гест

За Јарецот подарокот треба да е и практичен, но и убав, бидејќи срцето им е романтично. Дамите ќе се израдуваат на интересен скапоцен камен, додека мажите – нова графичка за компјутерот.

Водолија – патувањата се нивната страст

images (4)

За Водолија подарокот секогаш треба да е поврзан со нови искуства. Патување до омилена дестинација е најверојатно дека ќе ги израдува.

Риби – не сакаат изненадувања 

Всушност Рибите не сакаат изненадувања. Иако се романтични души, прашајте ги директно што сакаат – секогаш изостануваат со гардероба затоа парче долна облека ќе ги израдува стопроценти.

Слични содржини