Поранешниот амбасадор на Република Македонија во САД и Холандија Никола Димитров во гостувањето во емисијата „10 минути“ на тв21 изјави дека најверојатно ќе имаме избори кои ќе бидат бојкотирани од опозицијата. Според него, доколку опозицијата учествува на изборите, ќе биде соучесник во неисполнувањето на условите и договорот од Пржино.

„Влегуваме веројатно во една фаза која што ќе значи ескалација на кризата. Нема да бидат признаени од страна на опозиција, ќе видиме како ќе се изјасни меѓународната заедница. Малку е нечесно да чекаме само на ДИК, бидејќи тоа е институција која се грижи само за еден од трите елементи, избирачкиот список. Каде се тука медиумите, каде е одвојувањето на државата од партијата.“, рече Димитров.

Тешко е да се прогнозира, но можно е да се случи Груевски и Ахмети да одат на избори без опозицијата, вели Димитров.

Според него, стариот систем, спасот го гледа во брзи избори.

текстот во целост прочитајте го тука

Слични содржини