Економскиот пад во Грција оваа година може да достигне 4-5 проценти од бруто домашниот производ (БДП), ако нема компензациски мерки кои треба да се спротистават на рецесијата, и да го достигне својот врв во наредните 6-8 месеци. Ова го изјави вицепремиерот Јанис Драгасакис во интервју за весникот. “Риалњуз”, цитирано од агенциите.

2110847057

Драгасакис додаде дека заживување на економијата може да се очекува од втората половина на 2016 година

Одговарајќи на прашање како може да се ограничи рецесијата, вицепремиерот рече дека потпишувањето на договор со доверителите за трета кредитна програма во износ околу 86 милијарди евра и рекапитализацијата на банките ќе помогнат за отстранување на несигурноста во економската сфера.

Грчките банки кои имаат во билансот голем обем несобрани заеми и во последните месеци изгубија 48 милијарди евра од масовното повлекување на депозити од физички и правни лица, имаат потреба од околу 25 милијарди евра за рекапитализација.

За да се спречи падот на банките, на 29 јуни беше воведена контрола на движењето на капитал, вклучувајќи ограничувања за дознака во странство и замрзнување на депозитите на фирми и граѓани.

Според податоците на Банката на Грција обемот на сите депозити во грчките банки се намали од 178 милијарди евра во почетокот на ноември 2014 година до 130 милијарди евра на крајот на јули оваа година. Од 48 милијарди евра, изгубени од банките во овој период, 70 проценти се повлечени од граѓани, 20 отсто – од претпријатија и 10 проценти – од државни организации.

Слични содржини