4 хороскопски знаци кои никогаш не би изневериле

од Vladimir Zorba

Неверството го крши срцето. Тоа може да натера човек засекогаш да изгуби вера во љубовта. По еднаш претрпеното неверство, човек се сомнева во следните партнери и секој момент се очекува срцето и неговата доверба повторно да станат прав и пепел.
Некои луѓе се љубоморни по природа. Љубомората ги прави скептични. Другите се ослободени од слични предрасуди, но тоа не значи дека едно неверство не би ги скршило.

Тешко е да најдеш партнер кој ќе ти е верен до гроб. Искушенијата демнат секаде па дури и луѓе со висок морал не се осигурани од запаѓање во прељуба.

Сепак претставниците на 4 одредени хороскопоски знаци се искрени во љубовта и никогаш не би го изневериле партнерот. Кои се тие?

Бик
Во зодијакот тешко има полојален партнер од Бик. Ова едноставно не е во неговата природа. Тој толку држи на интимните односи и семејството што мислата за неверство дури не се ни прикрадува во мислата.
Бикот е практичен и знае дека еден моментален занес никогаш нема да влијае добро на изградените семејни врски. Затоа и никогаш не би ги ризикувал среќата и врската поради слична љубовна лирска девијација.

Слободно може да се каже дека Бикот е најсигурен Хороскопски знак и секогаш може да смета дека тој ќе остане до вас до последно.

Покрај тоа, тие се и најлошите лажговци, па нема шанси да не ги фатите во лага, ако воопшто се осмелат да ја престапат љубовната заклетва. Тие тоа го знаат, што е уште една пречка да изневерат.

Девица
Девицата има огромно срце и сака со целата своја суштина. Неверството е против природата на Девите. Исто така, тие се толку практични, како и заљубени. Не би си дозволиле да ја подложат честа на ризик, со изневерување на најблиските. Ако бидат фатени, не би го претрпеле срамот. Девиците се едни од најголемите моралисти во Зодијакот.

Девицата е многу аналитична и ретко го придава срцето на несигурни партнери. Штом Девицата го  направила својот избор, дефинитивно има зошто. Токму поради тоа не би ја ризикувала среќата и својот статус  само поради една моментална забава.

И бидејќи Девите се многу критични како кон другите, така и кон себе, би се истормозиле длабоко, дури и само ако помислат за неверство во нивните умови.

Вага
Вагата ги обожава мирот и правдата. Претставниците на овој знак не ја поднесуваат лагата како кон нив, така и кон другите. Неверството е во спротивност со целата нивна природа, со сето во кое веруваат. Вагите се нежни и полни љубов. Тие ги ставаат сите останати во позадина кога се заљубени и имаат партнер во животот. Затоа, во никој случај не би повредиле некого со кого имаат врска.

Неверството е последното нешто што би минало во умот на Вагата, бидејќи сето она што го сакаат тие е среќа и правда во својот живот.

Вагата би направила навистина сè за да ги задржат мирот и љубовта во врската. Тие толку држат на верноста што нема да можат да ве погледнат во очи, ако си дозволиле да ја престапат довербата.

Риби
Рибите се безнадежни романтичари. Во нивната свест пливаат само розови мисли и желбата да му угодат на својот партнер. Ако сакате да бидете згрижени и сакани безрезервно, изберете партнер од знакот Риби. Тие се подготвени да направат апсолутно сè да го превртат светот, за да го направат партнерот среќен.

И во оваа врска неверството нема место во нивната свест. Освен тоа Рибите се исклучително внимателни. Тие замислуваат многу јасно како тие самите би се чувствувале ако нивниот партнер ги измами така страшно. Затоа и не би изневериле. Љубовната измама едноставно не се вклопува во нивниот нарав.

Слични содржини