Почетна / (не)Секојдневно / 4 идеи за забавни детски закуски

4 идеи за забавни детски закуски

Појадокот е првата и најважна исхрана, особено за децата. Малите сакаат да ги јадат омилени закуски, додека родителите се трудат да им создадат еден балансиран и корисен оброк во денот. Плодовите се дел од кориснатахрана која децата често ја пропуштаат.

Денес споделуваме 4 идеи за забавни закуски. Нив нема како да ги јадете секој ден, но се една добра основа на други забавни предлози за појадок за целото семејство. Децата ќе се забавуваат вистински и ќе каснат од најкорисните и вкусни плодови.

Најнапред испечете парче леб во тостер. За првата идеја ќе ви треба путер од кикирики. Најдобро е да користите органски. Откако ќе намачкате парче ставете неколку кругови банана и сини боровинки. Ќе се добие мече.

Децата сакаат течно чоколадо намачкано на парче. Еве една идеја како да се направи слика на мајмун.

Во сезоната на јагодите, еве како да го сервираме корисното овошје на децата. Намачкајте парче со крем сирење, подредете исечени овошје, едно бадемче, банана и боровинки. Погледнете што се добива!

За да направите лисичка ќе ви требаат крем сирење, путер од кикирики и свежо овошје. Лесни, брзи, забавни и вкусни идеи. За еден позитивен почеток на денот.