4 начини на кои тој вели „те сакам“ без зборови

од Vladimir Zorba

Мажите понекогаш тешко зборуваат отворено за своите чувства и тогаш се појавува чувството на несигурност во нивниот однос. Како би можеле да разбереме какви се неговите чувства и дали навистина нè љуби? Вистината е дека се изразуваат не само со зборови, туку најмногу со активности.

Затоа е многу важно да се научиме да ги “читаме” сигналите на мажот до нас. Можно е тој уште да не е сигурен или да сака врската да се развива побавно и затоа сè уште да не се решава категорично да го изрази она што го чувствува.

Иако никогаш не ги искажува зборовите “Те сакам”, всушност може да го кажува тоа во многу различни начини.

1. Бакнежите му се долги и страстни

Кој не ги сака овие бакнежи? Кога тие се омилени и за него, редовно нè бакнува на тој начин и секој пат тие се страстни, е јасно дека е повеќе од возбуден кога е околу нас.

2. Сака да е поблиску до нас

Кога блиску до нас ќе се приближи некој, кон кого не покажуваме интерес, чувството е непријатно. Чувството е сосема спротивно, кога омилениот човек нагло ќе го скрати растојанието. Ова негово дејство дефинитивно е индикативно.

3. Смешка по бакнежот

Тоа е меѓу знаците кои тешко можат да се згрешат. Кога ќе бакнеме некого кој  го сакаме, по лицето не само што се појавува пријатна насмевка, туку тоа не засмејува.

Ако тој е со широка и сјајна насмевка по бакнежот, тоа значи дека навистина ужива во друштвото.

4. Слушајте внимателно

Иако партнерот не дели многу за своите чувства и нашиот однос, фактот дека нè слуша внимателно, кога зборуваме, е исклучително индикативен.

Слични содржини