-4 Скопје Петровец, Куманово, -3 Тетово, -2 Берово, Штип…

од Vladimir Zorba

 5182678

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во 7 часот).

1 Маврово.

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ

-4 Скопје Петровец, Куманово, -3 Тетово, -2 Берово, Штип, Кр. Паланка, Пожаране, -1 Скопје, Дебар, Лазарополе, 0 Струмица, Ѓуриште, Крушево, Маврово, 1 Тополчани, Д. Капија, 2 Битола, Виница, 3 Прилеп, Претор, 4 Гевгелија, Дојран, Охрид.

 

 

МОМЕНТАЛНА СОСТОЈБА

Во текот на ноќта и утрово се задржа умерено облачно, само наместа имаше зголемена облачност. Имаше слаб северен ветер, а на повисоките места и на планините ветерот беше слаб до умерен, што предизвика извесно намалување на маглата.

 

ВРЕМЕТО ДЕНЕС

Сончево со умерена облачност и со слаб а на повисоките места и на планините со слаб до умерен северен ветер.  Во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста. Највисоката температура денеска во земјава ќе достигне од 7 до 14 степени.

 

Во скопското подрачје, сончево и претежно тивко. Попладне облачноста ќе се зголемува. Температурата ќе достигне до околу 8 степени.

 

 ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

 

Во наредните денови се очекува стабилно време, наместа со ниски утрински температури. Преку денот ќе има затоплување, особено од петок и за време на викендот кога дневните температури на повеќето места ќе достигнуваат до и над околу 17 степени Целзиусови.

 

Слични содржини