Веќе 4-ти ден продолжува бојкотот на наставата во средните училишта.„Притисоци има постојано. Со лажни закани дека ќе се запишуваат негативни оценки, како и изостаноци без основ“, велат средношколците од Пленумот во Скопје.

Како што информираат, заканите најчесто доаѓаат од директорите, од некои професори, но дел и од персоналот во училиштата. Сепак, тие велат дека заканите кон нив и нивните родители не ги обесхрабрува, напротив, тоа ги поттикнува останатите средношколци да го шират бојкотот и во своите градови.

„Средношколците не се плашат, не се плашат од закани, имаме алтернативна настава во холовите и имаме надежна атмосфера“, велат од Пленумот.

timthumb

Додека трае бојкотот на наставата во средните училишта, родителите стравуваат дека изјавите за согласност – нивните деца да учествуваат во бојкотот на наставата ќе се употебат како доказ за поднесување на прекршочни пријави.

Одлука за потпишување изјави на родителите донело Министерството за образование и наука, а класните професори, овие изјави од родителите ги побарале уште завчера на вонредните родителски состаноци.

Во моментов, бојкот на настава се одвива во девет средни училишта во Скопје, а се приклучуваат средни училишта и од другите градови како Охрид, Тетово, Велес, Струмица и Куманово.

Протестираат учениците од охрадиската гимназија „Св Климент Охридски“, трета и четврта година од втората смена на економското училиште, додека пак во електормашинскиот средношколски центар и угостителско, наставата тече нормално и без прекин.

Средношколците од гимназијата „Св Климент Охридски“ веќе втор ден ја бојкотираат наставата, со тоа што не присуствуваат на часовите, туку смената ја поминуваат во училишните ходници.

Освен укинување на математика како задолжителен предмет за полагање при државна матура, средношколците бараат да се врати стариот концепт на полагање државна матура, односно да се отфрли електронското тестирање кое според нив е нефункционално.

 

Видео: А1он

Слични содржини