Полска мобилизира цела “армија”, за да ги чува папата.

папа

Полска мобилизира повеќе од 40 000 луѓе, за да го чува папата Фрањо и стотиците илјади млади верници кои ќе учествуваат во Светските денови на католичката младина од 26 до 31 јули во Краков.

Властите ги прават сите напори за да поднесат мирна и безбедна  посета: од една страна, велат тие, немаат податоци за подготвуван атентат, а од друга – се е наменето за превенција као да ке има.. Поо пукањето во Минхен, напади во Ница и нападите во Брисел и Париз секое големо собирање на луѓе што  крие потенцијален ризик. Покрај тоа главата на римокатоличката црква е потенцијална мета за фанатички исламски екстремисти.

Нападот на плоштадот Свети Петар во Рим пред 35 година, извршен од Турчинот Али Агџа против Јован Павле II покажа дека и папите се изложени на истиот ризик како политичките водачи.

Варшава не сака да презема ризици: 20 000 полицајци, од кои 7500 ќе патролираат по улиците, 9000 пожарникари, 800 членови на службата за обезбедување на владата и 11 000 граничари се на борбена нога, за да ја гарантираат безбедноста, пренесува АФП. Привремено е обновен контролата на границите, кој беше отстранета откако Полска стана дел од Шенген зоната. Малиот прекуграничен сообраќај со Украина и руската  енклава Калининград е прекината. Под контрола на пожарникарите се ставени сите индустриски објекти, а исто аеродромот на Краков, каде што ќе пристигне и од што ќе си замине папата, станици и автобуските постојки низ кои ќе поминат поклониците. Полската Влада не открива колку ќе чинат засилените мерки за безбедност за Деновите на католичката младина, но во буџетот за 2016 година, изгласан во септември 2015, е предвиден резерва за оваа намена во износ од близу 23 милиони евра.

Слични содржини