400 кинески пензионерки учествуваа во натпревар во бикини

од Vladimir Zorba

Во кинескиот град Тијанџин над 400 жени на возраст 55+ учествуваа во натпреварот Grandbikini, и се претставија во костими за капење во два дела, соопшти Daily Mail. Трката на жените во зрела возраст се одржа во забавен воден парк во градот. Според весникот конкурсот се одржува трета година по ред. Идејата на организаторите е да им се испорачаат позитивни емоции и на учесничките, и на публиката, а не толку да се промовира битката за првото место.

“На моја возраст да учествувам во таков конкурс значи дека сум здрава и среќна”, рече победничката на ракот, 78-годишна Ма Цзин.

Освен да дефилират по костим за капење, учесничките требало да покажат и танцувачки вештини, а во овој круг од трката тие се претставувале во кинески народни носии.

Слични содржини