Денеска во 18 часот ќе се одржи нов протест на Шарената револуција. Протестот стандардно ќе започне од пред зградата каде се наоѓа Специјалното јавно обвинителство, до студентскиот дом Кузман.

Ви го пренесуваме повикот за протест објавен на Фејсбук:

13173919_1772756209610067_1220869277801195304_n

Тема на денешниот протест е корупција.

Денес, како и претходните денови тргнуваме од пред СЈО. Оваа институција има за цел да го почне расчистувањето со широко распространетата корупција на највисоко државно ниво. Слушнавме како се употребуваат јавни институции за партиски цели. Како режимот користи инспектори за да се пресметува со противници. Како се договараат огромни провизии. Сето тоа е корупција. Корупција значи иструленост и расипаност. Корумпирани институции значат иструлени институции. Институции кои не работат за граѓаните туку против граѓаните. Во сето ова време, откако слушнавме за раширената корупција, Државната комисија за спречување на корупција молчеше. Денес ќе ги „поздравиме“ за овој нивен молк и ќе побараме одговорност.

Или со зборовите на поранешниот претседател на ДКСК: Ајде да ја искорениме корупцијата за век и векови амин.

Избори на 5-ти ќе нема оти Ахмети го “изневерил“ Груевски?!

Протестот започнува во 18:00 часот пред СЈО.

Покрај тоа, одлучно продолжуваме со протести и бараме:
– Итно повлекување на одлуката за аболиција на сите оние против кои се води истрага и против кои е покренато обвинение од страна на Специјалното јавно обвинителство (СЈО);
– Итна и неотповиклива оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија;
– Произнесување на Уставниот суд за уставноста на СЈО;
– Формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО;
– Итно повлекување на одлуката за одржување на парламентарни избори на 5 јуни;
– Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата;
– Процесот на решавање на кризата да се одвива на територијата на Република Македонија;
– Формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

До исполнување на барањата, нашата политичка борба останува на улиците! Нема правда, нема мир!

13178678_991046164306288_7877346664996135630_n-670x351 (1)

Протестите на Шарената револуција продолжуваат, помасовни од претходно и во се повеќе градови и општини низ Македонија. Вечерва (петок) ќе се протестира во Скопје, Струмица, Велес, Охрид, Ресен, Кичево, Кавадарци, Битола, Прилеп, Радовиш, Гевгелија, Штип, Кочани, К. Паланка, Облешево, Делчево, Гостивар, Тетово и Куманово.

 

Слични содржини