„Владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со засилувањето на членот 11 кој не постои во Законот за помилување, преку вметнување на член 11-а во Законот за помилување, најгрубо продолжуваат да го кршат Уставот.Kambovski1-1 Дали правните советници на владејачките партии и на претседателот Ѓорге Иванов имаат толкаво елементарно непознавање на правото и на Уставот,
или си играат мајтап?“, изјави академик Владо Камбовски, за СДК.
Според него, Иванов го крши Уставот ако со новиот член 11-а, со кој му се дава право по негов личен избор, сега да  почне селективно да им ја одзема амнестијата на 56-темина партиски и државни функционери и нивни помошници, бидејќи Уставот го забранува тоа.

Уставот дозволува ретроактивно дејство на закон, само ако тој закон оди во корист на лицето, а во случајов, не оди во корист на помилуваните лица, туку им ја одзема аболицијата. Ова е страшно непознавање на правото и мајтапење со Уставот, реагира Камбовски.
“Нам уште ќе ни се смеат“, вели тој.

Каде во светот има вакво нешто, претседателот да ве помилува, а потоа кога ќе му текне, и да ви го одземе помилувањето?“,
прашува Камбовски.

повеќе тука 

Слични содржини