Aкадемијата за судии и јавни обвинители, спротивно на закон, го крие и не го објавува списокот со кандидатите (30 на број) кои го положиле тестот и треба да влезат на обука, по која стануваат судија или јавен обвинител.

tn1_20160629_010616_akademci20prva20generacija1-670x448

Порталот Сведок дознава дека главен проблем биле меѓукоалициските пазарења, зашто меѓу 30-те нови слушатели за судии и јавни обвинители, положиле само тројца Албанци.

-Законот во Академијата на предвидува принцип на Бадентер, бидејќи се бараат строги критериуми и влегува тој кој што ќе освои најмногу поени. Но, сега ДУИ инсистира на мала врата да влезат кадри кои не освоиле доволен број поени и целата работа иако пред речиси два месеци е завршена не се објавува – тврди за Сведок извор од Академијата.

Огласот за прием на нови слушатели за судии и јавни обвинители беше распишан во ноември 2015 година, заврши пријавувањето, подготвителната настава, полагањата, но 8 месеци подоцна, резултати нема.

Дополнителен пробллем е што Директорката на Академијата (која 2 години седи диво на позицијата без да биде избрана) е кандидат за судија во Стразбур, па наместо работата во Академијата, целосно била свртена кон сопствена промоција и давање интервју.

-Не е фер за идните судии и јавни обвинители секој ден да се јавуваат или да висат на интернет страницата а да не знаат кога ќе се објави листатата, само поради нечиј политички пазар. Ако се дозволи влез на кадри кои имаат мал број поени, со проширување на листата или на друг начин, ќе ги осакатиме во старт кадрите од кои се фалиме дека добиваме европски судии. Јас до сега очекував и самите кандидати да излезат на протест бидејќи некој си игра со нивните судбини-тврди истиот извор од Академијата.

 

Повеќе ТУКА

Слични содржини